Русија започна нов бран напади со беспилотни летала врз Киев рано на 30 мај, при што загина најмалку едно лице, а неколку други беа повредени, соопштија украинските власти, додавајќи дека најголемиот дел од беспилотните летала биле соборени од украинската противвоздушна одбрана.
„Едно лице загина. Вкупно четири жртви се хоспитализирани во областа Холосијевски. Лекарите пружиле помош на лице место“, напиша Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, на Телеграм, додавајќи дека 20 лица се евакуирани.
Украинската војска соопшти дека нападот се состоел исклучиво од беспилотни летала од иранско производство.
„Вкупно 31 беспилотно летало камикази нападнаа од север и југ. Силите за противвоздушна одбрана уништија 29 беспилотни летала“, соопшти војската.
Руското минитерество за одбрана ја обвини Украина дека стои зад нападот врз Москва што се случи утрово, а во кој, како што тврдат од министерството, биле користени осум беспилотни летала.
Властите во Москва нападот го окфаливикуваат како терористички акт.
Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин претходно соопшти дека во нападот нема сериозно повредени лица, но дека жители на некои станбени загради кои биле оштетени во нападот, морале да бидат евакуирани, а две побарале медицинска помош. Службите за итна помош работат на местото на настанот, напиша Собјанин на Телеграм.
Во меѓувреме руската државна новинска агенција Тасс јави дека сообраќајот во Москва долж неколку улици бил затворен околу еден час поради нападите со дронови, но сега е повторно нормализиран. Новинската агенција, исто така, известува дека аеродромите во Москва работат нормално.












