ТЕРА

REKLAMA???

НАПАДИ СО ДРОНОВИ КАЈ КИЕВ И НА КРИМ

Три лица загинаа, а седум се ранети во, како што објавија украинските власти, нападите на руски беспилотни летала во текот на ноќта врз регионот на Киев.

Украинската војска соопшти дека Русија лансирала 21 ирански дрон „шахид“, од кои 16 се соборени

Руската морнарица пак соопшти дека одбила напад на украински беспилотни летала врз пристаништето Севастопол на Крим.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера по разговорите со кинескиот лидер Си Џинпинг изјави дека кинеските предлози можат да послужат како основа за мирно решение во Украина, но дека Западот и Киев се уште не се подготвени.

Во заедничката изјава по државната посета на Си на Москва, двајцата лидери предупредија да не се преземаат какви било чекори кои би можеле да го турнат украинскиот конфликт во „неконтролирана фаза“, додавајќи дека не може да има победници во нуклеарна војна.