ТЕРА

REKLAMA???

НАПАДОТ ВО КОПЕНХАГЕН НЕ БИЛ ТЕРОРИСТИЧКИ АКТ

Три лица се убиени вчера во оружен напад во трговски центар во Копенхаген, соопшти данската полиција. Неколку лица се ранети, а тројца од нив се во критична состојба.

Осомничениот е 22 годишен Данец кој не давал отпор при апсењето и ѝ е познат на полицијата „но само површно“, изјави главниот инспектор Сорен Томасен на прес-конференција.

Мотивот на осомничениот, кој полицијата го опишува како „етнички Данец“, се уште не е целосно јасен.

Шефот на полицијата Томасен изјави дека нема индикации оти вчерашниот напад во трговскиот центар во Копенхаген е терористички акт.

Пукањето се случило околу 17 часот и 30 минути, што предизвикало паника. Во трговскиот центар имало поголем број посетители бидејќи во блиската сала требало да се одржи концерт на британскиот пејач Хари Стајлс, но истиот бил откажан.