Канцеларијата за човекови права на ОН изрази загриженост дека нападот врз Кампот во Џебалија е „несразмерен и може да претставува воено злосторство“.
„Имајќи го предвид големиот број цивилни жртви и размерите на уништување по израелските воздушни напади врз бегалскиот камп Џабалија, имаме сериозна загриженост дека ова се непропорционални напади кои би можеле да претставуваат воени злосторства“, се вели во објавата на Канцеларијата за човекови права на ОН.
Кампот Џабалија беше нападнат na 31 октомври.
Израелските одбранбени сили подоцна го потврдија нападот, велејќи дека бил убиен висок командант на Хамас, а цел била „подземната терористичка инфраструктура“ под зградите што се урнале. Израелските одбранбени сили исто така соопштија ги разгледуваат „извештаите за колатерална штета и неборбени жртви“.
МИА












