ТЕРА

REKLAMA???

НАПНАТО НА СЕВЕРНИОТ ДЕЛ ОД КОСОВО

Затворени пет српски институции на Косово, Приштина критикувана од меѓународната заедница, а КФОР го зајакна присуството на Ибарскиот мост што ја дели Северна Митровица на српска и албанска.

Косовската полиција затвори пет српски институции на северот на земјата, Затворањето доаѓа во време на зголемени тензии во односите меѓу Косово и Србија, и покрај 13-годишната нормализација на разговорите олеснети од Европската унија, кои не постигнаа напредок, пишува Euronews.

Косовските власти тврдат дека се затворени паралелни институции кои работат со етничко српско малцинство. Состојбата е тензична затоа што се случува на северот од земјата кадешто доминира српско население и институциите функционираат врз основа на договорената Заедница на српски општини во Брисел.- информира Al Jezeera Balkans.

 

НАТО соопшти дека е многу разочаран од вчерашните акции на косовската полиција на северот на Косово, која, како што се наведува, не била координирана со КФОР и покрај повеќекратните ветувања дека тоа ќе го стори. Денеска на територијата е засилено присуството на силите на КФОР, особено на Ибарскиот мост. Заменик-командантот на мисијата на НАТО на Косово, КФОР, бригадниот генерал Федерико Бернака, денеска разговараше со делегацијата на најголемата партија на косовските Срби, Српската листа (СЛ), предводена од Златан Елек, и посочи дека мисијата е „добро подготвена да одговориме на сите важни безбедносни случувања“.

И Брисел се огласи со негативна критика, информирајќи дека постапката е против сите заложби за меѓуетнички соживот и дека ќе влијае на евроинтегративниот процес и за Србија и за Косово.

Американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања Џејмс О’Брајан побара од премиерот Албин Курти, да ги прекине некоординираните и провокативни акции, кои, како што рече, „негативно влијаат на партнерството“ меѓу САД и Приштина.