ТЕРА

REKLAMA???

НАТО ПРЕДУПРЕДУВА: СЕВЕРНА КОРЕА МОЖЕ ДА ГО ЕСКАЛИРА КОНФЛИКТОТ ВО УКРАИНА

„Ако Северна Кореја испрати војници во Украина за да се борат во име на Русија, тоа би можело значително да ја зголеми ескалацијата на конфликтот“, изјави шефот на НАТО Марк Руте на социјалната платформа Икс.

Руте, кој ја презеде функцијата во НАТО на почетокот на овој месец, истакна дека разговарал со јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол за тесното партнерство на Алијансата со Сеул, со фокус на одбранбената индустриска соработка и безбедноста во евроатлантскиот и Индо-пацифичкиот регион.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски минатата недела изјави дека Северна Кореја планира да испрати 10.000 војници за да ги поддржи руските воени напори, додавајќи дека некои севернокорејски офицери веќе се распоредени во окупирани области на Украина.

Западот долго време ја обвинува Северна Кореја за испорака на оружје на Русија.

Руте, како и Пентагон, изјавија минатата недела дека сè уште не пронашле докази за присуство на севернокорејски војници на теренот во Украина.