ТЕРА

REKLAMA???

НАТО РАСПРАВА ЗА ЧЛЕНСТВОТО НА ШВЕДСКА И ФИНСКА

Со подготвеноста на Финска и Шведска да аплицираат за членство во НАТО, Русија соопшти дека нејзиниот одговор на ваквиот потег на нордиските земји ќе зависи од видот на воената инфраструктура на НАТО што ќе биде лоцирана на нивната територија.

Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Александар Грушко, изјави дека пристапувањето на Финска и Шведска во НАТО ќе бара стратешка промена и дека Кремљ ќе преземе „соодветни мерки за одговор“ доколку нуклеарните сили на НАТО се доближат до границите на Русија.

Многу членки на алијансата веќе изразија поддршка за апликациите од Шведска и Финска, иако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера рече дека нема „позитивно мислење“ за членството на двете нордиски земји.

Шефицата на германската дипломатија Аналена Баербок изјави дека Берлин ги презел сите подготовки за брз процес на ратификација ако Финска и Шведска се одлучат да поднесат барање за членство во НАТО.

Таа истакна дека синоќа министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО на неформалниот состанок во Берлин се согласиле дека не треба да има сиви зони помеѓу пријавата и придружувањето.