Следната работна недела, на 12 март, Советот на општина Битола ќе ја одржи 51 седница, со само 14 предложени точки на дневниот ред. На седницата предвидено е да се разгледуваат и дискутира за кварталниот извештај од крајот на 2024, завршната сметка , годишниот извештај и одлуката за измена и дополнување за извршуавње на Буџетот. Предложени се и точки кои се директно поврзани со работата на неколку од јавните претпријатија и институции основани од Општината.

Претседателката Габриела Илиевска за најавената 51 седница предлага 14 точки на дневен ред. Освен финансиските, кои се однесуваат на извештајот за 2024 година, завршната сметка и предложените промени во реализацијата на Буџетот за оваа година, советниците ќе расправаат и за неколку одлуки кои подразбираат организација на работата на јавните претпријатија кадешто Општината односно Советот се основачи. Меѓу нив,
Најпрвин ќе треба да одлучат дали на ЈП за меѓуопштински превоз ќе му дадат простории на користење и тоа во врметраење од 4 години, без надоместок. Се планира тоа да бидат просториите во урбаната заедница „Коле Лачето“ , простории кои се во соппственост на Општината.
Треба да донесат и одлука за приклучување на објекти од областа на заштита на децата. Имено, објектите на ул. Димче Лахански со проектиран капацитет за 150 деца и адаптираниот објект „Дом за доенчиња„ – Битола со проектиран капацитет за 80 деца, поради географската местоположба на објектите, а со цел поголема функционалост на извршување на дејноста и секојдневните обврски поврзани со управата на Устамновата да се приклучат како објекти во состав на ЈОУДГ „Мајски Цвет“.

Во однос на активности поврзани со реконструктивните зафати што се реализираат од Општината во училиштата, советниците во среда на 12ти ќе ја донесат и одлуката за избор на надзорот што ќе се спроведе за реконструкцијата на покривот на ООУ Св. Климент Охридски – реконструкција то се реализира согласно договорто за грант од Амбасадата на Јапонија во земјава.
Предложено е да се донесе и одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на административнит службеници во Јавните општински установи Детска Градинка „Естреја Овадија Мара“ и „Мајски Цвет“ . Вредноста е непроменета од претходните две години, а се реализира по најновата одлука на владата од јануари оваа година. Со одлуката на владата се извршува промена на вредноста на бодот, правата на додатоците и другите права на јавната администрација во државава, а општината мора да го направи правното усогласуање .












