На денешната редовна седница на Советот на Општина Битола едногласно беше усвоен предлогот на дневен ред да се најде и точката со која ќе се бара Советот да донесе заклучок до Владата на Македонија со кој ќе се бара измена на локацијата за регионална депонија.
За оваа дополнителна точка предложена од советникот на Поинаку, Иван Чулакоски, советот едногласно се согласи, со што денеска Советот ќе расправа и за овој предлог.
Денешната седница започна со доцнење од скоро еден час, дел од советниците ги немаше и кога се гласаше оваа точка.












