Денеска битолчани и други граѓани од околината донираа на пунктот за донации за настраданите од катастрофалниот земјотрес кој ја погоди Турција и Сирија.
На иницијативата на сестрите Салиевски, во организацијата се приклучија и Здружението за турско-ромско пријателство ,,Ромско јато” и Хуманитарната организација ,,Св. Спас”.
За кусо време се собра голема количина на донирани средства, а битолчанецот Алиловски помага во транспортот на донацијата до Скопје, од каде ќе биде испратена во подрачјата зафатени од земјотресите.












