ТЕРА

REKLAMA???

НА УКЛО ВО ПРВИОТ УПИСЕН РОК ПРИЈАВЕНИ 30% ПОВЕЌЕ СТУДЕНТИ СПОРЕДБЕНО СО ЛАНИ

Ректорот на битолскиот универзитет проф. д-р Игор Неделковски информира дека во првиот уписен рок пријавени се (поднесени документи) 856 кандидати, а минатата година биле 663. Ова е зголемување од ~ 30% во услови кога бројот на матуранти во државата е намален за ~ 5% (14.834 во 2024, а 15.620 во 2023).

„Ова значи дека УКЛО реално успеал за ~ 1/3 да го зголеми бројот на пријавени кандидати во првиот уписен рок.

Неспорниот квалитет и посветеноста на сите вработени на УКЛО, а посебно на нашата интернационализација како прв македонски европски универзитет (член на КОЛОРС европската универзитетска алијанса) се препознаени во јавноста.

Ги повикувам сите оние матуранти кои сеуште се двоумат или оние студенти кои не се задоволни од нивните сегашни студии, во вториот уписен рок на 13 и 16 Септември да се пријават на УКЛО.

Ќе студираат дома, а ќе бидат дел од 125.000 студенти на КОЛОРС европската универзитетска алијанса. УКЛО образование „европско, а дома“, вели ректорот Неделковски.

Според Конкурсот за запишување на студенти во прва година на прв циклус студии на Универзитети „Св. Климент Охридски“ – Битола во академската 2024/2025 година,  запишувањето се реализираше од 26 до 30 август.

Пријавени студенти во прв рок:

Според календарот на Конкурсот,  на 3 септември ќе се спроведува претходна проверка на кандидатите за академските програми кои се одвиваат на англиски јазик или пак е потребна друг вид претходна проверка. На истиот датум, 3 септември, ќе биде објавена прелиминарната ранг-листа, на 6 септември ќе биде објавено решениеро за прием на кандидатите, а запишувањето на примените кандидати ќе се реализиреа на 10 и 11 септември.

Заинтересираните кандидати имаат можност да се пријават за студирање на некоја од понудените студиски програми и во вториот уписен рок, на 13 и 16 септември.

Бројот на слободни места, категориите на студенти (редовни студенти со партиципација и школарина, вонредни студенти), студиските програми по различни единици, условите за студирање и сите останати поединости можат да се добијат од веб страницата на Универзитетот www.uklo.edu.mk.