На 108 години почина најстарата битолчанка, еврејката Рејчел Нахмијас која се спаси од холокаустот и верно го чуваше споменот на битолските Евреи.
Таа е најстарата жива Еврејка од Битола, родена во далечната 1917 година.
Се спасила од депортацијата во нацистичките концентрациони логори во 1943 така што била сокриена во багажникот од автомобилот на албанскиот конзул во Битола. Благодарение на него, останала жива.
Тогаш Рејчел имала 26 години и спасувачите ја однеле во Албанија, каде што ја поминала војната. Со албанското семејство живеела до 1950 година, а потоа заминала во Бостон, САД.
Веста за смртта на Нахмијас ја соопшти нејзината внука, пејачката Сара Ароесте.
Таа е честа гостинка во Битола и со голема љубов го чува споменот на нејзиното семејство и времето кога нејзините претци живееле во Широк сокак.
„Со длабока тага објавувам дека овој викенд почина мојата херојска драга братучетка Рејчел, на неверојатни 108 години. Рејчел е родена во 1917 година во Битолско. Таа била сведок на толку многу работи во својот неверојатен живот. Како единствена преживеана од нејзиното семејство по Холокаустот таа беше инспирација за сите што ја познаваа. Оваа фотографија е направена пред само 3 месеци кога таа сè уште беше целосно активна и споделуваше ладино приказни и песни со мене. Има уште многу што да се сподели за мојата Рејчел која беше вистински благослов за овој свет“ напиша на Фејсбук, популарната пејачка Сара Ароесте.













