Повеќе од 400.000 корисници останаа без струја во САД откако невремето донесе дожд, снег, поплави и силни ветрови.
Излеани реки и лизгање на земјиштето ја погодија Калифорнија, каде што беше прогласена вонредна состојба.
Повеќе големи попалви ја погодија Калифорнија од декември ланската година до денеска. Има бројни случаи на лизгање на земјиште, при што се причинети материјални штети.

Во некои делови на Њујорк, Њу Хемпшир и Масачусетс паднаа и до 90 сантиметри снег.












