ТЕРА

REKLAMA???

НЕДЕЛКОВСКИ: НАМЕСТО СЛУЖБЕНИ ВОЗИЛА ДА СЕ КУПУВААТ СЛУЖБЕНИ ВЕЛОСИПЕДИ

Дел од неколкудневната програма за одбележување на 25 април-Денот на основањето на битолскиот универзитет, викендов беше УКЛО Вело/ УКЛО маршот до манастирот „Св. Атанас“ во Смолево.

Ректорот Неделковски со соработниците, гостите и студентите ги промовираше набавените службени велосипеди за потребите и на вработените и на студентите. И упати апел институциите, но и фирмите повеќе да купуваат службени велосипеди отколку возила.

Опремен за службени потреби, вели Неделковски е типичен службен велосипед.

Него му е задоволство да се вози и да користи велоспед, смета дека од тоа не треба да се има срам. Од пред Студентскиот информативен центар тргнаа кон манастирот кон Смолево, едни со велосипеди,  други пеш.