ТЕРА

REKLAMA???

НЕДЕЛКОВСКИ: УКЛО СВОИТЕ КОРЕНИ ГИ ВЛЕЧИ ОД ОХРИДСКАТА КНИЖЕВНА ШКОЛА

Мултимедијална претстава за битолскиот универзитет „Св.Климент Охридски“ низ неговата историја за гостите кои се дел од 9-от Ректорски собир на Европски универизтети. Приказната за Пелагонија раскажа многу за овој универзитет.

Традициите помагаат да се изгради идентитетот на универзитетот, рече во своето обраќање ректорот Проф. д-р Игор Неделковски и додаде дека овој идентитет може да привлече студенти, наставници и истражувачи, кои резонираат со вредностите и наследството на универзитетот.

„Многу универзитети имаат длабоки историски корени со традиции кои датираат со векови. Овие традиции често ја обликуваат мисијата, вредностите и образовната филозофија на универзитетот. Нашиот универзитет своите корени ги влечи од охридската книжевна школа, основана од нашиот патрон, „Св.Климент Охридски“ рече ректорот Неделковски.

Во своето обраќање зборуваше и за важноста на универзитетот за овој регион.

„Идентитетот на нашиот универзитет е знаењето обликувано за потребите на регионалниот развој. Универзитетот „Св. Климент Охридски“ познат под актонимот УКЛО, е типичен регионален универзитет, кој е една од клучните алки во регионот во кој што делува“ истакна Неделковски.

Неделковски зборуваше и за инклузијата и технолошкиот напредок.

„Во поглед на инклузијата да напоменам дека нашиот студентски дом во Битола е првиот студентски дом во Македонија кој има комплетно пристапни соби за студенти ссо физички попречености или слепи студенти. За жал зградите на факултетите не се целосно пристапни, односно најчесто се пристапни само долните спратови. Исто така од иновативните мерки што ги презема УКЛО битно е прилагодување во технолошкиот напредок. Како што дигиталните технологии стануваат поинтегрални во образованието, УКЛО се иновира за да остане релевантен. Ова вклучува дигитализација на административните процеси и воведување нови наставни методологии, како и создавање на интердисциплинарни програми кои што ги подготвуваат студентите за идните технолошки предизвици“ кажа тој.

До овој момент рече тој дека кажал точно 1024 зборови.

„Се вели дека една фотографија заменува 1000 зборови, јас до сега кажав точно 1024 зборови, но за да го доловам минатото, сегашноста и иднината на УКЛО ќе ми требаат многу повеќе зборови или фотографии. Сигурно ќе ви биде досадно. Затоа одлучивме минатото, сегашноста и иднината на УКЛО да ги доловиме преку мултимедијален театарски перформанс“ истакна ректорот.

Мултимедијалниот театарски перформанс поврзува важни годишнини за УКЛО во светлото на неговата паневропска перспектива и вклученост во Алијансата КОЛОРС.  Повеќе од 1100 години кога започнуваат корените на УКЛО. Најстара единица и прва научна установа на македонски простор е Научниот институт за тутун во Прилеп. УКЛО одбележува 45 години од основањето. УКЛО е првиот македонски европски универзитет дел од Европската Универзитетска Алијанса КОЛОРС. Сите овие елементи се поврзани и со приказната за Пелагонија.