ТЕРА

REKLAMA???

НЕКОГАШНИОТ ФРОНТМЕН НА МАКЕДОНСКАТА ГРУПА МИЗАР, ГОРАН ТАНЕВСКИ, ЈА ПРЕТСТАВУВА СИНГЛ ПЕСНАТА ,,WISH A MAN”

Некогашниот фронтмен на легендарната македонска група МИЗАР, ја претставува сингл-песната „Wish a man“ од неговиот предстоечки албум „Ascend“.

Горан Таневаски, својата музичка кариера ја започнува во јануари 1985 година во групата Мизар. Првиот албум на “МИЗАР” излегува во есента 1988 година, а истата година, Горан Таневаски е прогласен за најдобар фронтмен и вокал на просторот на поранешна Југославија. Исто така, албумот “МИЗАР” е прогласен за најдобар албум за таа година. Својот предстоечки албум „ASCEND“ кој ќе биде објавен под покровителство на Менарт, кон крајот на ноември оваа година, Таневаски го најавува со првиот сингл „Wish a man“!

ASCEND е првиот албум во рамките на трилогијата “Среќен сум дури и без себе”, поделена во три животни етапи на авторот. ASCEND претставува младост во која фантазијата се судира со реалноста, надевајќи се дека размислувањата, етиката и принципите не се променливи. Исклучени се илузиите за „брз живот“ или неморализам, верувајќи дека во луѓето длабоко во себе сè уште постојат емоции и желба за согледување на реалноста. ASCEND е порака да секогаш веруваме во себе и да не дозволиме нашиот дух да биде загаден или да остарее.

Спотот на песната „Wish a man“ погледнете го на следниот линк: