ТЕРА

REKLAMA???

НЕМА ДА ИМА НОВИ МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА ОД КОВИД-19, ОДЛУЧИ КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ

Епидемиолошката состоба во државата е стабилна и за сега нема да има дополнителни превентивни мерки, рече денеска на прес-конференцијата портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ.

На денешниот состанок на Комисијата се анализирала епидемиолошката состојба, при што е констатирано дека има зголемување на бројот на новозаразени случаи, но оти состојбата во болниците е стабилна. Мехмедовиќ посочи дека нема зголемување на бројот на хоспитализирани во болниците.

Тоа значи, потенцира Мехмедовиќ, дека болничките капацитети сè уште се доволни за да можат да ги згрижат сите оние граѓани кои имаат потреба.  

Градот Скопје, како што рече портпаролот, во моментот е најзасегнат со новозаразени пациенти и поради тоа е одлучено новите пет ковид амбуланти да се наоѓаат на територијата на главниот град.

-Работиме и на тоа да обезбедиме опрема, персонал и кадар за останатите градови, меѓутоа ова е нешто што сметавме дека е ургентно и заради тоа започнавме со оваа реорганизација во рамките на град Скопје, рече Мехмедовиќ.

Поради тоа што епидемиолошката состојба е стабилна, а според бројот на слободни болнички кревети и бројот на починати се уште се наоѓаме во зелена зона, за сега нема потреба од дополнителни нови мерки.

-Епидемиолошката состојба, согласно сите параметри кои ги имаме, а најважните се бројот на хоспитализирани, бројот на слободни болнички кревети и бројот на починати, се уште не става во зелената зона. Хоспитализацијата во моментот на Клиниката за инфективни болести е само за 16 пациенти како метода применета, имаме девет пациенти кои се на кислородна поддршка и сметаме дека системот се уште има голем простор за тој дел да се пополни и да се дадат услуги во делот на хоспитална грижа на пациентите. Најважно е да се фокусираме, како што кажав, на примарниот здравствен систем и тоа сега го правиме преку отворање на КОВИД амбулантите, рече Мехмедовиќ.

Според портпаролот на Комисијата, трансмисијата на вирусот е висока, но во исто време не предизвикува многу често тешка клиничка форма на болеста и не ги преполнува болниците.