На трибината со наслов „Наше време. Наше место. Наш збор“ се обрати потпретседателот на СДММ и советник во Општина Битола, Петар Николовски.
На трибина која што ја организираше СДММ ( Социјалдемократската младина на Македонија ), Николовски вели дека се слушна најважниот глас – гласот на младите.

„Под мотото „Наше време, наше место, наш збор!“, се собравме да разговараме отворено и храбро за тоа како сакаме да изгледаат нашите општини.

Не како набљудувачи, туку како активни учесници – како креатори на решенија.
Ова не беше само политички настан – беше потсетник дека промените започнуваат тогаш кога младите ќе застанат на своето место и гласно ќе го кажат својот став.

Благодарност до сите млади што учествуваа. Продолжуваме – со идеи, со волја и со визија“ напиша Николовски на својот Фејзбук профил.












