ТЕРА

REKLAMA???

НОВА ПЕСНА НА РОБЕРТ БИЛБИЛОВ И ДИЏЕЈ НИКИФОР-„A MAMI JO”

Продуцентот и пејач Роберт Билбилов сними заедничка песна со диџеј Никифор со наслов „A mami jо“, која е дел од нивниот заеднички албум „Африканска кралица“ (African Queen).

„Со Никифор напорно работиме на овој албум, а досега веќе официјално се пуштени три синглови, вклучувајќи го и новиот. Оваа песна носи свеж и енергичен звук, со уникатен спој на африкански ритми и модерна продукција, и е наменета да го привлече вниманието на љубителите на музиката насекаде“, вели Билбилов.

Претходниот заеднички сингл на Билбилов и диџеј Никифор е преработката песната „Викај ме Лена“ (Зови ме Лена) од српската пејачка Лена Ковачевиќ, а ја испеа Тамара Тодевска. Со оваа песна, Лена Ковачевиќ се натпреваруваше на српскиот избор за Евровизија годинава.