ТЕРА

REKLAMA???

НОВИОТ ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР ТРГНА СО ИЗМЕНЕТ ТИМ И ГОЛЕМИ АМБИЦИИ

Ракометарите на Еурофарм Пелистер утрово со редовните тестови и попладнево со првата тренинг сесија во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола ја почнаа новата сезона 2022/23. На стартот Ларс Валтер и неговиот стручен штаб работеа со осумнаесет ракометари, а Усама Хосни (настапи на Купот на Африка) ќе се приклучи в понеделник на втората фаза на подготовки во Маврово.

Павле Атанасијевиќ и Цветан Кузманоски нови членови на Еурофарм Пелистер

Од почетокот на сезоната 2022/23 ракометарите Павле Атанасијевиќ и Цветан Кузманоски се приклучени кон тимот на Еурофарм Пелистер по две успешни сезони во Еурофарм Пелистер 2. Во овој период тие ги исполнија сите цели, двапати играа плеј-оф, еднаш завршен турнир на Купот на Македонија, изборија место во ЕХФ Лига Европа, а стигнаа и до репрезентативниот дрес. Ракометарите Емилијан Ѓорговски и Павле Петровиќ ќе го минат подготвителниот период со Еурофарм Пелистер во Битола и Маврово.

План на подготовки за јули и август:
20 јули – почеток на подготовки во Битола
25 јули – 2 август – централна фаза на подготовки во Маврово

Контролен натпревар: Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2

16-20 август – Струшки ракометен турнир 2022
25 август – СЕХА лига (четвртфинале) – Еурофарм Пелистер – Мешков Брест
28 август – Суперкуп на Македонија – Вардар 1961 – Еурофарм Пелистер