ТЕРА

REKLAMA???

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЗА ВЧЕРАШНОТО ПУКАЊЕ ВО ЦСР-ПРИЛЕП

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп вчера изврши увид на лице место во простории на Центарот за социјални работи – Прилеп каде со истрели од огнено оружје повредено беше едно лице.

Во соопштението од обвинителството се вели дека осомничениот, според првични сознанија, претходно подолг период ја демнел и загрозувал сигурноста на жртвата за што биле водени соодветни кривични постапки против него, меѓутоа избегал од институција во која издржувал мерка задолжително психијатриско лекување.

Во просториите на Центарот тој пукал од огнено оружје – пиштол кон вработената  која е повередена и е вон животна опасност, но и кон директорот на установата кој не е повреден.

Осомничениот е лишен од слобода, а оружјето и други траги се обезбедени и ќе бидат предмет на вештачење, соопштија од обвинителството.