Во политичкиот фокус оваа недела се платите на вработените во образованието. Министерката за образование денеска одговори на критиките од СОНК за буџетските пари наменети за месечната награда на наставниците. Ги повика сите инволвирани на разговори.
Најпрвин претседателот на СДСМ од Битола упати порака во која ги спомена наставниците, нивните плати и фактот дека новата школска година сите вработени во образованието нема да имаат повисоки плати. На ова се огласи министерката за образование и наука Весна Јанева која објасна дека и со ребалансот на Буџетот во оваа година нема да има нагорна промена на платите на наставниците.

На овие нејзини изјави се огласи СОНК. Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) и покрај најaвите на министерката за образование и наука, Весна Јаневска дека нема да имаа зголемување на платите ова годинава, ќе инсистира зголемувањето да биде ова година. – стои во нивната реакција.
„ СОНК очекува продолжување на социјалниот диjалог, односно разговорите со Министерството за Образование и Наука, која што вели дека во буџетот на МОН нема пари за повисоки плати и сега топката се префрлува на повисоко ниво, на ниво на Влада и министерство за Финансии. Така што, ние наредниве денови треба да се вклучиме во преговори со Владата, највeројатно и премиерот ќе се вклучи каде што ќе се обидеме да најдеме заедно решение за да се надмине овој проблем. – изјавил денеска за „Фронтлајн“ Јаким Неделков, претседател на оваа синдикална организација.

„Ќе разговараме со сите социјални партнери и секако дека ќе бараме начин да ги измотивираме наставниците на сите можни начини, порача министерката за образование и наука Весна Јаневска, од Штип одговарајќи на новинарско прашање. Ние сме отворени за разговор и дијалог, но мора реално да се согледа состојбата, сега треба да се спречи слободниот пад на државата, да го придвижиме кон нулата и оттука да го спречиме слободниот пад на државата.„
СОНК тврди дека по Закон на наставниците им следува 12 проценти зголемување на платите.












