ТЕРА

REKLAMA???

ОБЈАВЕН КОНКУРСОТ ЗА ЧЕТВРТОНОЕМВРИСКАТА НАГРАДА

Општината го објави конкурсот за доделување на наградата „4-ти Ноември“ на Општина Битола за 2024 година.

Наградата се доделува на физички и правни лица како знак на општествено признание за значајни остварувања во стопанството, науката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената заштита, социјалната заштита, спортот, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и други сегменти од животот, трудот и творештвото, што претставуваат посебен придонес за развојот на Општината, Република Северна Македонија и светот.

Наградата се доделува во две категории: а) едногодишна за достигања во периодот од 01.08.2023 до 31.07.2024 год.; б) за животно дело што претставува заокружена, континуирана творечка целина.

Наградата за првата категорија се доделува на правни и физички лица, додека, пак, наградата за животно дело се доделува само на едно физичко лице.

Наградата за правни лица се доделува во вид на диплома, за поединци во вид на диплома и паричен износ, а наградата за животно дело се доделува во вид на диплома и паричен износ.

Право на предлагање кандидати за наградата имаат правни лица, здруженија на граѓани, група граѓани и поединци.

Конкурсот трае од 24 септември до 24 октомври оваа година.

Предлозите се поднесуваат до Управниот одбор на Фондот за наградата „4-ти Ноември” на Општината Битола, ул.„Булевар 1-ви Мај” бр.61 Битола.