ТЕРА

REKLAMA???

ОБЈАВЕН ЈАВЕН ПОВИК ЗА РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ НА 15 ЛИЦА

Општина Битола, објави јавен повик за работно ангажирање на 15 невработени лица со средно образование кои ќе вршат доставување на решенија и покани за данок на имот до граѓаните.

Работното ангажирање ќе биде за период април/јуни и ќе добиваат надоместок по учинок 17 денари за решение и 3 денари за покана.

Кандидатите треба да достават барање, копија од документ за идентификација (лична карта).

Заинтересираните кандидати да се јават во период од 6 работни дена од денот на објавување на огласот, заклучно со 28.02.2023 год.

Бараните документи можат да се достават во просториите на Општина Битола ул. ,,Булевар 1 Мај“ бр.61 на шалтер бр 1.

Повеќе информации на интернет страницата на Општина Битола.