Годинешното издание на фестивалот „Илинденски денови“ ќе се одржува од 18-30 јули 2022 .„Од корените…до цветот“ е годинешниот слоган на фестивалот кој значи лето во Битола, значи носење на светскиот фолклор на улиците и сцените низ нашиот убав град, значи и поздрав и со нашите македонски игри и песни, обичаи, значи почит кон традицијата и поглед вперен кон тоа како традицијата ни дава сила за иднината, како и коренот што дава надеж за цветот.
И ова е само најава за досега можеби најбогатото фестивалско издание кое се шири со повеќе денови за разлика од порано, воведува и фестивал на етно филмови, носи нови интересни концерт соработки, иновира нови научни собири на тема етнологија, работилници во кои се оживува традицијата и неколку модерни етно перформанси кои се цветот на фестивалот, посадени врз корените на традицијата.
„Наскоро нови детали и најава на звучни имиња кои ќе ни гостуваат, а најавуваме и медиумски една нова ера на фестивалот, која ќе го стави на листата фестивали кој ги користи новите медиуми за глобална промоција “во живо” на овој значаен фестивал“, стои во соопштението од организаторите Центар за култура, Битола.












