Матурските прослави на училиштата во Битола завршија. Четвртокот вечерта беа двете последни прослави, на медицинското и музичкото училиште. Пред „Белведере“, пристигнаа матурантите од државното музичко училиште во Битола, училиште кое е расадник за многу успешни и талентирани уметници во светот на музиката, и класичната, но и во други жанрови, откако го завршиле средното образование и се насочиле во некој правец.
И тука тапани, ора, фотографирања, прегратки, тие беа во центарот на вниманието. Нивното пристигнување го гледаа нивните семејства, роднините, пријателите, другарите, другарките и случајните минувачи.
Влегувањето исто така е еден од важните моменти за матурските прослави и секако фотографирањето.
Со двајца матуранти поразговаравме за тоа што оваа вечер за нив значи. Велат дека за нив средношколските денови се најубавите.
И тие долго време се подготвувале, а подготовката за овие ученици вклучува и нешто друго.
Ќе им недостасуават и соучениците и нивните професори.
Додека се школувале, музиката која ја учеле е класичната, но прашавме како се снаоѓаат и со другите жанрови.
И нивните професори се сеќаваат на нивната матурска прослава во ова училиште.
А потоа продолжи организираната забава во нивна чест.
Во продолжение и следниот видео материјал од оваа прослава.












