Сообраќајниот метеж над Довлеџик се случуваше организирано и наменски. СОУ „Таки Даскало“ Битола прославуваа матура во Гранд Премиер.
Матуранти, нивните другари и другарки – помали и поголеми, сите во свечена облека најпрвин се соочија со тајфите кои токму сега ја гледаат својата можност за заработка. И, имаат функција да ги истераат сите нервози и сомнежи дали фустанот е погоден, шминката топ, кошулата соодветна на костумот што се става првпат и како е се купено специјално за оваа прилика вкомпонирано.
Новите генерации, традиција е, ги испраќаат и пречекуваат најблиските, мајки, тетки, стрини и баби. И тоа е промоција на новата генерација која допрва треба да се пронајде во професијата, во сопствениот живот, се топтан во општеството формирано од генерации кои матурирале пред нив.
Оро се виеше од моментот на собирање на сите кои си честитаа достигнувањето, успехот – да се има помалку неоправдани, да се добие оправдување, простувањето на соучениците за малите ( или поголеми ) навреди, да се научи се за светот, да има насоката каде после средно.
Овие моменти мора да се овековечат, па, со силна енергија за воздржаност, се чека сите да го добијат својот момент на професионално сликање – за споменарот, за роднинте, за фејсбук и инстаграм.
Не се заборавија ниту заедничките фотографии – класот, со класната. А, и професорките решија да се запамтат од прославата на оваа генерација.
Последните јавувања на родителите, дека се е ок…
А потоа молк, малку одмор, пред бурата нарачена матура.
Во продолжение и следниот видео материјал од оваа прослава.












