ТЕРА

REKLAMA???

ОД МАТУРСКАТА ПРОСЛАВА НА СОУ „ЈАНЕ САНДАНСКИ“ БИТОЛА

Време е за матурските прослави. Вниманието на јавноста е свртено кон матурантите, оние кои го прославуаваат завршувањето на средното образование и се пред новиот предизвик каде понатаму. Но, и нашето внимание е како во Битола традиционално се прославува матурата. Економското училиште „Јане Сандански“  ја прослави својата матурска прослава.

Пристигнувањето на Широк Сокак пред хотелот Епинал , каде што беше нивната прослава, беше еден од највозбуливите моменти и целото внимание беше на тоа. Музика, родители, роднини, пријатели, другари, другарки се беше тука.

Вообичаено е орото пред објектот за прослава. Влегувањето преку црвениот килим исто така е момент кој го забележавме.

А, потоа следуваше и фотосесијата, пред да поминат во салата за прослава. А, таму и специјално место за уште една фотосесија. Пред да започне забавата присттигна и нивните професори.

Тоа беше дел од прославата на матурата на средното економско учииште „Јане Сандански“ од Битола.

Во продолжение и следниот видео материјал од оваа прослава.