ТЕРА

REKLAMA???

ОД СОВЕТОТ ЗАВИСИ ДАЛИ ОПШТИНАТА ЌЕ ДОБИЕ 10 МИЛИОНИ ДЕНАРИ

Зимската служба за 2024-2025 година, односно извештајот за реализацијата на програмата за организирање и функционирање на зимската служба беше на седницата на Комисијата за јавни комунални дејности.

Раководителката на комуналното одделение Марјана Спасевска кажа дека се должни да кажат што се сработило, а и да го испратат извештајот во Агенцијата за државни патишта, оти врз основа на извештаите добиваат средства, во висина од околу 10 милиони денари.

Спасевска потсети дека минатата година извештаите од програмите не беа усвоени, меѓутоа извештајот за зимската служба поминал на Советот.

За разлика од лани, годинава и извештајот за организирање и функционирање на зимската служба не беше усвоен на една од претходните седници на Советот, што значи дека ако на утрешната седница не биде повторно усвоен, општината нема да ги добие тие 10 милиони денари.

Ги повика советниците да го изгласаат извештајот за општинаат да не ги губи тие средства од Агенцијата за државни патишта, за кои рече дека не се малку.

За зимата која измина потрошени биле 284 м2 ризла, 400 тони сол и 10 тони ладна асфалтна маса.

Оваа точка на комисијата помина со три гласови за и 1 воздржан.