ТЕРА

REKLAMA???

ОД УТРЕ ЌЕ СЕ ПРЕДЛАГААТ КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК И СОВЕТНИЦИ

Битолската СДСМ објави дека од утре започнуваат состаноците со месните организации во пресрет на локалните избори 2025 година, а тоа значи предлагање на кандидати за градоначалник на Општина Битола и предлагање на кандидати за советници во Советот на Општина Битола.

Неодамна претседателот на партијата Венко Филипче рече дека СДСМ веќе го започна процесот за избор на најдобрите кандидати за локалните избори ширум државата. Тогаш кажа дека клучен приоритет на СДСМ е да се промовираат личности со кредибилитет, реална поддршка од заедницата и капацитет за спроведување на програмите.