ТЕРА

REKLAMA???

ОД УТРОВО ЕКСПЛОЗИИ ВО КИЕВ, ЛАВОВ И ДРУГИ ГРАДОВИ ВО УКРАИНА

Медиумите јавуваат дека изутрината имало повеќе експлозии во главниот град Киев и во регионите на Лавов. Градоначалникот на Лавов, Андриј Садовиј, изјави дека имало пет „силни“ ракетни напади врз градот на западот на Украина.

Премиерот Денис Шмихал изјави дека украинските сили ќе го бранат Мариупол докрај, а претседателот Володимир Зеленски порача дека немаат намера да го предадат Донбас, додека руските трупи ги засилуваат нападите на истокот на земјата.

Москва вчера им даде неколкучасовен ултиматум на преостанатите бранители на Мариупол да го положат оружјето и да се предадат, но тие не го прифатиле.

Руската војска тврди дека го контролира речиси целиот град, додека украинските борци даваат отпор од огромната челичарница „Азовстал“.

Жителите на областа Луганск во источна Украина се повикани веднаш да се евакуираат.