ТЕРА

REKLAMA???

ОПОЖАРЕНИ ВОЗИЛА НА УЛИЦАТА „ЛЕРИНСКА“ ВО БИТОЛА

Битолската полиција соопшти дека на 20.05.2025 во 00.25 часот во СВР Битола e пријавено дека на ул.„Леринска” во Битола се опожарени патничко возило „тојота рав 4″ со битолски регистарски ознаки, сопственост на приватна фирма, а го користела С.К. од Битола, патничко возило „фолксваген пасат ” со тетовски регистарски ознаки, сопственост на приватна фирма и патничко возило „дачиа логан” со скопски регистарски ознаки, сопственост на фирма.

Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола, а повредени лица нема. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола и се преземаат мерки за расчистување на настанот, стои во соопштението на полицијата.