ТЕРА

REKLAMA???

ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ФОРМИРА СОВЕТ НА КОАЛИЦИЈАТА

Денеска, во седиштето на СДСМ, се одржа средба на лидерите на партиите од коалицијата на која се разговараше за актуелната политичка состојба и потребата од нов меѓукоалициски договор и потпишување на нова платформа за соработка.

Во соопштението од срдбата се вели дека заклучокот од средбата е дека власта за само девет месеци ги разочара граѓаните, го уништи животниот стандард и ги запре покачувањата на платите.Сите лидери посочија дека економската состојба драматично се влошува, а ВМРО-ДПМНЕ со лошите политики креира економска криза и инфлација која го јаде стандардот.

Новина во идното делување на Коалицијата е формирање на Советот на коалицијата со цел подобра координација и заедничко делување. Овој совет ќе гарантира ефикасност, брзо донесување одлуки и силна политичка синергија помеѓу коалициските партнери, соопштија од СДСМ.