ТЕРА

REKLAMA???

ОПШТИНАТА ОЧЕКУВА ПОВИСОКИ ПРИХОДИ ОД ПРОДАЖБА НА ПАРЦЕЛИ 

За целиот период од мандатот на оваа локална самоуправа, општината прави напори да ги наплати  дел од приходите за да може да се реализираат што повеќе проекти во интерес на граѓаните, рече денеска градоначалникот на Битола Тони Коњановски на седницата на Совет на која ги информираше советниците за реализацијата на општинскиот буџет во првиот квартал од 2022 година.

„Токму тоа, очекуваме да го зголеми процентот на реализација на приходите во вториот квартал на оваа година и истиот да се движи околу 45%, за што дополнително ќе влијаат и веќе реализираните активности за подобрување на економската состојба на општината.Во овој контекст, од продажба на градежно земјиште во овај период се очекуваат приходи од 12.687,069 денари, што е резултат на објавената јавна објава од страна на општината, после која продадени се 14 парцели  и тоа 11 во Индустриската зона Жабени, 2 на Новачки пат и 1 во АРМ. Ова значи зголемен приход, но и најава за нови инвестиции во општина Битола“, рече Коњановски.