ТЕРА

REKLAMA???

ОПШТИНАТА СЕ ПОФАЛИ ДЕКА БИЛА НАЈОТВОРЕНА ОПШТИНА ВО МАКЕДОНИЈА

Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ во партнерство со Рурална коалиција, а со поддршка од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика мобилитас, подготви процена на состојбата на доброто владеење на единиците на локалната самоуправа (ЕЛС) во Република Северна Македонија за 2024 година.

Во 2024 година, наодите од Индексот на отвореност покажаа дека најотворенa единица на локалната самоуправа е Битола, со 67%, соопштија денеска од Општина Битола.

На првата панел дискусија „Индекс на отвореност на локалната самоуправа: Отворени и транспарентни општини за сите!“ беа претставени резултатите од Индексот на отвореност на локалната самоуправа за 2024 година заедно со патоказ со препораки за унапредување на отвореноста кон граѓаните.

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, ја нагласи важноста за соработка со граѓанскиот сектор. Тој истакна колку е важно да се разбере одговорноста на општинските власти кон граѓаните и како тие како општина се трудат да бидат поотворени и да ги вклучуваат граѓаните во се поголем број од важните одлуки.

„Довербата кај граѓаните се гради низ постојана отвореност, во која ќе знаат како се управува со буџетските средства, врз кои критериуми, на кого и за какви активности се доделува поддршка за културни, спортски или други манифестации, независно дали за тоа одлучува комисија формирана од градоначалникот или комисија од општинскиот Совет.
Со ваквиот пристап, повеќе истражувања потврдуваат дека сме ги постигнале вистинските резултати и сме достигнале висок степен на 100 процентна проактивна транспарентност.Но, тука не застануваме, затоа што за да бидеме во чекор со времето, мора соодветно да одговориме и на новите предизвици кои произлегуваат од развојот на дигиталните алатки“ рече меѓу другото градоначалникот Коњановски.