ТЕРА

REKLAMA???

Општина Битола испрати апели до непознати сопственици на руинирани куќи без прецизен рок

Градоначалникот и Општината ги чекаат измените на Законот за комунална инспекција со кој ќе се зголемат нејзините ингеренции за решавање на проблемот со руинираните куќи во градот. Упатиле апели до сопствениците кои им се познати, но не дале рок за санирање.

Пред 10 дена на паркингот зад зградата на ЈАТ се урна куќа којашто потисна и многу ги оштети две возила што беа паркирани таму. И јавноста, а и законската регулатива вели дека општинита имаат свои конкретни ингеренции кога се работи за руинирани куќи. На отчетот за 100 дена нов мандат на Коњановски, поставивме прашање што во овие 10 дена, од уривањето на куќата презеде Општина Битола.

Тој вели дека веднаш по дојавата што ја добиле и тоа што го виделе на терен се дознало чиј е објектот,. „Објектот има сопственик.“- вели Коњановски. Комуналната инспекција излегла на терен, комуницирале со сопственикот „И со помош и на нашиве јавни претпријатија , ако не се лажам, да биде обезбеден тој дел и да се санира и исчисти. Се вклучи и сопственикот на објектот и за жал во тој дел постојат некакви сопственички кои еве, тој дел на паркингот кој и ние сакаме да биде уште подобар.“ – објаснуваше градоначалникот.

Градоначалникот вели направиле увид на целото градско јадро кои објекти се во таква состојба.

Немаше попрецизен одговор за бројот и рокот даден за санација.

„Направивме увид на терен во целото градско подрачје кои објекти се во таква состојба за жал скоро сите имаат сопственици“ вели тој додавајќи дека мора како држава да се уреди начинот на справување со ваквите објекти кои ги има секаде.

„Упативме и писмен апел до сопствениците да преземат мерки, оние кои можеме да ги лоцираме.“

Новинарските прашања се фокусираа на рокот што општината го бара во упатените апели. Градоначалникот во консултација со Бојан Бојковски, претседател на Советот информираше дека се работи за околу 24 објекти, но немаше конкретен одговор за дадениот рок, затоа што не знаеше дали ќе ги лоцираат сите сопственици.

На прес конференцијата се разговараше и за можноста од употреба на светлосна сигнализација на јавниот простор околу руинираните објекти.

Неколку закони ја регулираат општинската процедура за справување со руинирани куќи и десетина закони – од оние за комунална и градежна инспекција, преку законите за градење, просторно планирање, заштита на културно наследство и историски вредните објекти, законот за локална самоуправа и уставното начело дека локалната самоуправа  должна да обезбеди уреден и безбеден живот на граѓаните на локалнио ниво и тоа не подразбира само ситуации во кои треба да биде вклчена полиција, туку „Безбедно движење, безбедни објекти и спречување опасности од запуштени градби.“