За пресеченото дрво на улицата „Партизанска“ во Битола има реакција од јавноста.
Се вели дека ова овде беше зимзелено дрво, бор, не беше разболено и не претставуваше никаква опасност за околината. А, спомените велат дека зградата и тротоарот се направени 1976 година.
Оставен бил борот да ја краси околината и да го филтрира воздухот.
Во реакцијата стои дека сега, после толку години, поради реновирањето на тротоарите, борот е пресечен како да беше обична пенушка и се повикува на одговорност.
Од јавното претпријатие „Комуналец“ Битола ни рекоа дека отстранувањето е по барање на Општина Битола заради проектот за изградба на велосипедските патеки.














