ТЕРА

REKLAMA???

ОСОМНИЧЕНИОТ ЗА ПРОТЕКУВАЊЕ НА ДОВЕРЛИВИТЕ ДОКУМЕНТИ ОД ПЕНТАГОН ДЕНЕСКА ПРЕД СУД

Осомничениот за поврзаност со протекувањето на доверливи документи од Пентагон Џек Тешеира денеска треба да биде изведен пред федералниот суд во Бостон, во американската сојузна држава Масачусец, пишува Радио Слободна Европа.

Федералните агенти во Соединетите Американски држави на 13 април уапсија припадник на Воздухопловната национална гарда на Масачусетс, кој е осомничен дека е поврзан со случајот со објавување доверливи документи.

Секретарот за правда Мерик Гарланд соопшти дека се работи за 21-годишниот Џек Тешеира, кој бил специјализиран за разузнавачки активности во Националната гарда.

Гарланд рече дека Тешeира ќе биде обвинет за „неовластено стекнување, задржување и пренесување“ на доверливи информации за националната одбрана.

„Агентите на ФБИ го приведоа Тешeира без инциденти“, рече Гарланд, додавајќи дека осомничениот ќе биде изведен пред федералниот суд во Бостон.

ФБИ соопшти дека неговите агенти го уапсиле и дека ја продолжуваат истрагата во неговиот дом во Норт Дајтон, Масачусетс.