ТЕРА

REKLAMA???

ОТВОРАЊЕ НА ТУРИСТИЧКИ ИНФО ЦЕНТАР ВО РАМКИ НА КИНОТО МАНАКИ

КИЦ- Битола  доби согласност од Советот на општина Битола да формира Туристички информативен центар за туристичка промоција на Офицерски и Киното Манаки.Ова на последната пресконференција го најави директорката на установата Лили Бошевска. Отворањето на Туристичкиот информативен центар ќе биде во рамки на Киното манаки. 

Турстичкиот информативен центар освен што ќе работи на турситичка промоција на Офицерски и Киното Манаки, ќе работи и на промоција на туризмот на ниво на Општина Битола. 

На пресконференцијата беше промовирана и новата веб страна на установата, која содржи целосен преглед на програмската и ресурсната структура на установата, настаните, архива, можност за резервации и сл. 

Најавија и нов проект електронско издание за култура и уметност „Бели хоризонти“, во кое ќе бидат поиместени теми од културата и уметноста, архитектурата, сликарството, литературата, со што како што беше речено на пресконференцијата КИЦ Битола си поставува нови предизвици и стандарди во работењето.