ТЕРА

REKLAMA???

ОТВОРЕН МЕЃУНАРОДНИОТ ПИЈАНО НАТПРЕВАР „ПИЈАНОФЕСТ“

Меѓународниот натпревар по пијано ПИЈАНОФЕСТ се одржува во Битола од денес до 12. јуни. Оваа година по 4 ти пат ќе биде реализиран овој успешен натпревар и ќе испише нова страница од своето постоење. Имено се одржува во Палатата на културата – Офицерскиот Дом – Битола, во една од најубавите и најакустични сала во Р.Македонија и пошироко, а учесниците ќе ги изведуваат композициите на прекрасното концертно пијано “Bosendorfer”, кое неодамна беше префрлено од Битолскиот Завод и Музеј.

Присутните ги поздрави градоначалникот на Општина Битола, Д-р Тони Коњановски, како и организаторките од здруженето Пијано: Марија Шамоска Буџаковски и Јана Четелева Белевска.

Реномирана жири комисија оваа година е во состав: Дино Имери, Драгомир Братиќ, Љилјана Вукеља и Кристина Петролари.

Оваа година на натпреварот има 80 учесници, а се отвори со концертот на Гоце Златев.

Организатор на натпреварот е здружението на пијанисти и музички педагози ПИЈАНО во соработка со Културно информативниот центар во Битола, а поддржан од општина Битола.

На натпреварот ќе биде доделена и парична награда за лауреатот со што би се дало еден вид на поддршка на младите музички таленти кои само што зачекоруваат на музичките подиуми а кои еден ден ќе бидат наша гордост и ќе не претставуваат во светот.