Минатата година од последици на Ковид-19 почина Гоце Талевски, еден од основачите на битолската група „Оскар“. Тие кои лично го познавале, го спомнуваат како скромен и весел човек, кој го посветил целиот живот на музиката и семејството. По негови стапки продолжи неговиот син Павел кој го продлжува неовото дело.

Оваа година тој го одржа вториот по ред отворен час по тапани во Битола во чест на неговиот татко во Зрно кафе бар, а потпомогнат од група Оскар. Павел Талевски, е средношколец. Заврши Нижо музичко училиште, отсек ударни инструменти. Тапани свири откако знае за себе – неговиот татко Гоце му беше главниот учител и водич, а сега главна инспирација да продолжи по неговиот пат, со голема поддршка од неговото семејство.

„Јас тоа што му го ветив, ќе го остварам. Ќе продолжам од каде што застана и ќе се трудам да сум како него и да ги слушам неговите совети“, изјави Павел.
Благодарност за видеото на Creative продукција.
Неда Маретиќ













