ТЕРА

REKLAMA???

ОТВОРИ ПРОЗОРЕЦ КОН НОВИ СВЕТОВИ

38. издание на Саемот на книгата и оваа година ќе се одржи во Aрената Борис Трајковски во Скопје, во периодот од 23 до 29 април. Во текот на седумте саемски денови посетителите ќе можат да си одберат книги од богатата понуда на домашни и странски автори, да бидат дел од промоциите на нови дела и подобро да се запознаат со издавачите и насловите претставени во рамки на Саемот. Саемот оваа година ветува богата програма која ќе вклучува промоции на книги, разновидни работилници, средби со автори, дискусии и панели, како и попусти и понуди на книги за сите генерации. Саемот ќе биде место каде што читателите ќе имаат можност да се сретнат со своите омилени автори, но и да ја надополнат својата библиотека со нови изданија и да уживаат во нови книжевни светови. Примарната цел на саемот е да се слави книгата, и да се поттикне љубовта кон литературата и читањето во заедницата. Најмалите читатели ќе имаат можност да учествуваат во најразновидни раскажувачки сесии додека оние повозрасните ќе можат да имаат дискусии со реномирани автори и секој да најде поттик за читање. Посебен акцент ќе биде ставен на литературата што ги обединува традиционалните вредности прикажувајќи ја книгата како вечен извор на мудрост.