Сопственици на десетина возила кои се одмор во Калитеа, на првиот крак од грчкиот полуостров Халкидики, си ги најдоа автомобилите со искршени стакла и дупнати гуми, јавува порталот Фактор.

Двете возила кои со фотографии се објавени се со битолски регистарски таблички.
Откако вчера беа оштетени неколку автомобили во Калитеа, денеска се пожалија дел од македонските туристи и за штети во Афитос.

Фотографиите беа објавени на „Грција во живо“, а постојано има нови коментари од корисниците на социјалните мрежи кои даваат совети како да се заштитат туристите од вакви и слични напади.

Штетите веќе биле пријавени во полиција, пишува во објавата.












