ТЕРА

REKLAMA???

ПАДНА ВРЕДНОСТА НА ЕВРОТО И ФУНТАТА ВО ОДНОС НА ДОЛАРОТ

На светските берзи, вредноста на доларот во однос на останатите валути силно порасна минатата недела бидејќи американскиот ФЕД повторно агресивно ги зголеми каматните стапки, па еврото падна на најниско ниво во последните 20 години, далеку под еден долар.

Индексот на доларот, кој го покажува движењето на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, минатата недела порасна за 3 отсто на 112,96 поени, а во еден момент, за прв пат по 20 години, се проби над нивото од 113. поени.

Британската фунта изгуби речиси пет отсто до 1,0350 долари, што е најнизок курс досега во однос на доларот.