ТЕРА

REKLAMA???

„ПАПОКОТ НА СВЕТЛИНАТА“-НАЈНОВО ДЕЛО НА ВЕНКО АНДОНОВСКИ

„Папокот на светлината“ од Венко Андоновски го доживеа своето второ издание. За помалку од еден месец, секој примерок од првиот тираж си го најде својот дом во срцата на читателите.
 Ова е доказ за тоа колку македонската читателска публика е гладна за квалитетни книги од домашни автори.

Промоцијата на Венко Андоновски го најави тоа. Беше еден од најпосетените книжевни настани што се случиле досега кај нас.Промотори на книгата беа Винка Саздова и Игор Џамбазов.

„За да се излее конечно во облик на роман за Јан Лудвик, херојот од „Папокот на светот“, кој во оваа книга стои пред нови животни искушенија со кои македонскиот човек секојдневно се соочува “– велат од издавачката куќа „Три“.

Станува збор за новиот роман на едно од најголемите имиња на македонската книжевна сцена, авторот и професор Венко Андоновски, кој излезе десет години по објавувањето на последниот роман „Ќерката на математичарот“ и 22 години од „Папокот на светот“, книгата што ги освои речиси сите значајни книжевни награди (Роман на годината, „Стале Попов“, „Балканика“ и руската награда „Југра“). Новиот роман се надоврзува (но не го продолжува) на „Папокот на светот“.

Јан Лудвиг, протагонистот кој пред повеќе од 20 години трагаше по папокот на светот (љубов кон жената), сега е во потрага по папокот на Светлината. Заедно со другите ликови, тој се обидува да открие каде се раѓа онаа Светлина која ја просветлува душата и како се случува некој цел живот да ја бара неа, а некој да се задоволи да му биде облека на ѓаволот.