Патнички авион на авиокомпанија „Присижн ер“ со 43 патници и членови на екипоажот, се урна во езерото Викторија во Танзанија непосредно пред слетувањето на аеродромот во крајбрежниот град Букоба.
Медиумите јавуваат дека 26 лица се спасени и пренесени во болница.
Спасувачки екипи го пребаруваат езерото во потрага по преживеани.
Авионот летал од главниот град Дар ес Салам кон Букоба, а пред следтувањето имало невреме.












