ТЕРА

REKLAMA???

ПЕЛАГОНИСКИТЕ МЛЕКОПРОИЗВОДИТЕЛИ ИЗЛЕГОА НА ПРОТЕСТ

Пелагониските млекопроизводители денеска излегоа на протест пред ПЕ на МЗШ во Битола. Побараа одговори од надлежните:

„Бараме одговори од министерот и платежната агенција зошто еве цела 2022 година не ни е платена за субвениции за предадено млеко и три месеци од 2023 каде што требаше да започне од месец за месец исплата за субвенциите. Исто така има проблеми и во исплата за грло добиток и неплатен долг од УЈП за две години за 2021 и 2022“, рече Борче Бучински сточар од с.Могила

„Ги бараме субвенциите до крајот на месецот во целост да бидат исплатени за 2022 година во спротивно ќе ги блокираме дел од патиштата“, рече Тони Петковски, претседател на Здружението Пелагониско поле од од с.Велушина

„Младите ни заминуваат не сакаат да работат, затоа што нема гаранција во оваа држава,“рече Гоце Кантаровски, млекопроизводител од с.Могила.