ТЕРА

REKLAMA???

ПЕЛИСТЕР ВОЛЕЈ ГО ДОБИ ПРВИОТ БАРАЖ ЗА ПРОМОЦИЈА ВО ПРВАТА ЛИГА ПРОТИВ ВАРДАР ЕМ

Пелистер Волеј – Вардар Ем
3-2 (29-27; 23-25; 16-25; 25-23; 15-5)

Магична ноќ во Битола и победа на одбојкарките на Пелистер волеј над екипата на Вардар од Скопје во еден неверојатен и тензичен натпревар, кој верувале или не траеше повеќе од два и пол часа. Ништо помалку не се очекуваше да приредат овие две екипи во натпревар кој е бараж за промоција во Првата лига, но сепак победата останува во Битола.

Фантастична атмосфера, амбиент каков само можи да се посака, со огромна поддршка и неверојатно навивање од публиката и сала исполнета до последно место.

Возвратниот натпревар за неколку дена се игра во Скопје.