Второлигашот Пелистер убедливо славеше со 1-3 против Караорман на тестот кој се одигра на Градскиот стадион во Струга.
Стрелци на головите за Пелистер беа Благоја Љамчевски, Драгарски и Фејзуловски. Следен противник за екипата на Марјан Секуловски е Вардар в недела од 17:30 часот во Црно Буки.
Втората лига почнува на 13 август, а денес ќе биде извршена ждрепката и ќе биде познат календарот за сезоната 2022/23.












