КК Струмица – КК Пелистер 77-101
Пелистер ја продолжи победничката серија и беше убедлив на гостувањето кај Струмица, славејќи со 77-101. „Сино-белите“ беа рамноправен противник само четиринаесет минути од мечот, но серијата од 8-0 при крајот на првото полувреме донесе двоцифрена предност за битолчани (25-35) со што „зелено-белите“ ја превземаа иницијативата и на ја испуштија до самиот крај за победа број дванаесет.
Добра вест за Марјан Илиевски е враќањето на Стајиќ и Хаџифејзовиќ, кои голем дел од јануари не играа заради повреда.
Најефикасeн кај Струмица беше Крстајиќ со 26 поени, додека во таборот на Пелистер се истакнаа Карпентер со 22, Хаџифејзовиќ со 19 и Мустафица со 18 поени. Со оваа победа Пелистер остана најблизок пратител на лидерот МЗТ Скопје со скор 12-3.
Следната недела кошаркарите на Пелистер ќе играат во завршницата на Купот на Македонија во Скопје.












